Проектот за развој на парк на ветерници во земјава, инвестиција на Алказар Енерџи вредна над 500 милиони долари, денеска официјално ќе биде претставен во Скопје. Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави:
Од македонскиот ветер, инвестиција во енергетиката за повеќе пари во македонскиот буџет.
Ветив работа за народот, и тоа го остваруваме.
Денес објава на инвестиција од Алказар енерџи, oд околу 450 милиони евра за целосна енергетска независност на Македонија.
📌 струја за 100 000 македонски домаќинства од овие ветерници.
📌 55 ветерници што ќе произведуваат еден терават час електрична енергија или еден милион мегават часови
📌 приближно 20 отсто од целокупното производство на електрична енергија во земјава.
📌 нови 630 вработувања.
📌 најголемата инвестиција во сегментот на парк со ветерници.
Инвестиции за подобар животен стандард
За тебе!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.