Трошоците на животот во 2022 година, во однос на 2021, забележале пораст од 14.2 %, а цените на мало од 12.6 %, соопшти денеска Државниот завод за статистика.
Во декември 2022, пак, во споредба со претходниот месец, трошоците на животот се намалиле за 0.2, а цените на мало се зголемиле за 0.7%.
Движењето на индексот на трошоците на животот во 2022 година, беше различно кај одделни групи на потрошувачката. Пораст на индексите е забележан во групите: Храна и безалкохолни пијалаци за 20.9 %, Транспорт за 19.5 %, Ресторани и хотели за 15.5 %, Домување, вода, електрика, гас и други горива за 13.3 %, Разновидни стоки и услуги за 8.9 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 8.6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 7.5 %, Рекреација и култура за 4.9 %, Здравје за 4.0 %, Облека и обувки за 1.8 %, Комуникации за 0.4 % и Образование за 0.3 %.
Движењето на индексот на цените на мало во 2022 година, исто така, беше различно кај одделни групи на производи. Пораст на индексите е забележан во сите групи: Индустриско-прехранбени производи за 20.1 %, Земјоделски производи за 16.0 %, Индустриско-непрехранбени производи и тутун за 14.2 %, Пијалаци и Услуги за 8.3 %. Индексот на трошоците на животот во декември 2022 година, вo споредба со декември 2021 година, забележа пораст од 18.7 %, а индексот на цените на мало забележа пораст од 15.1 %.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.