Власта направи големи грешка во справувањето со економската криза иако може да се правдаат дека не можеле да знаат дека ќе дојде до вакви пореметувања и поскапувања на сите производи и енергенсите, вели поранешниот министер за финансии Џевдет Хајредини за „Република“.
Треба да се запрашаме дали овој буџет што го имаме сега е скроен да има поддршка за најпогодените слоеви на населението.Не, тој е скроен по секоја цена за да се одржи власта-смета Хајредини.
Целото интервју со Хајредини ќе биде објавено во сабота. Во него тој зборува за антикризните мерки, за ДУИ, за лошите патишта и дали излезот од оваа криза се предвремени избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.