ЕСМ соопшти дека во тек е изработка на фактурите за топлинска енергија за октомври. Изработката на фактурите вклучуваше и постапка за преземање на податоците на потрошувачите од страна на „ЕСМ – Снабдување со топлина“ од претходниот снабдувач со топлинска енергија „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“.
„ЕСМ- Снабдување со топлина“ во законска постапка ја презеде целокупната база на податоци потребна за изработка, достава и наплата на фактурите, вклучително и личните податоци за потрошувачите (субјекти на лични податоци) на централниот систем за греење и/или сопствениците на посебен дел во станбени, станбено-деловни, деловно-станбени и деловни објекти лоцирани на подрачјето на општините: Аеродром, дел од Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Центар и Чаир во градот Скопје.
Правниот основ за преземање на целокупната база на податоци вклучително и личните податоци за потрошувачите потребни за вршење на дејноста снабдување со топлинска енергија произлегува од обврската за вршење јавна услуга во согласност со Законот за енергетиката, како и одлуката за давање лиценца за вршење дејност снабдување со топлинска енергија на друштвото „ЕСМ – Снабдување со топлина“ ДООЕЛ Скопје, а со цел обезбедување континуитет, односно непрекинато вршење на енергетската дејност и заштита на јавниот интерес.
„ЕСМ – Снабдување со топлина“ во иднина ќе биде контролор на личните податоци на потрошувачите и ќе ги обработува во согласност со важечките законски прописи и Законот за заштита на личните податоци за што потрошувачите на топлинска енергија – субјектите на личните податоци ги имаат сите права пропишани со Законот за заштита на личните податоци во однос на обработката на нивните лични податоци – велат од компанијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.