Објавен е распоредот на летови на редовната авионска линија Софија-Скопје-Софија.

Првиот лет на бугарската авиокомпанија „ГуливЕр“ ќе биде на 26 март 2022 година, а авиокомпанијата ќе има редовни летови на релација двапати неделно, во сабота и во понеделник.

Повратниот лет ќе чини околу 70 евра.

Авиолинијата беше восапоиставена на 11 февруари. Во авионот тогаш беа бугарскиот министер за транспорт и врски Николај Шабев и министерот за туризам Христо Проданов. Во име на Македонија, во летот учествуваа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, како и државната секретарка во Министерството за економија, Размена Дуровиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.