Министерката Каја Шукова објави дека тендерот за ХЕЦ Чебрен официјално пропадна. Банкарската гаранција од 1,4 милиони евра од грчки „Архиродон“ нема да се активира.
ППЦ-Архиродон на 14 септември 2023 година беше избран за најповолен понудувач на 14. тендер за изградба на реверзибилната хидроцентрала ПАХЕ „Чебрен“. Подоцна имаше забелешки на јавниот повик и до крајот на 2023 година требаше да одлучи дали ќе продолжи со проектот.
На штетноста на овој проект предупредуваа еколози а лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски за „Република“ пред неколку месеци го откри овој скандал на власта.Тој презентираше документ од Службен весник од 17 јануари 2020 година е објавена одлуката за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен.
Во овој „Службен весник“ е дефинирана процедурата и условите кои што ги донела Владата кога премиер бил Зоран Заев на седница одржана на 24 декември 2019 година. Во членот 5 од оваа одлука за почнување постапка се дефинирани обврските кои што ги презема државата и вели: Државата на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и ја отстапи хидроцентралата „Тиквеш“ која фунционира на Црна Река, три месеци по датумот на старт на изградбата на хидроцентралата „Чебрен“. Значи почнувате да градите и три месеци потоа го добивате „Тиквеш“.
Тој ја објасни процедурата на целиот проект.
Потоа треба да изгради 400 киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата, ќе направи експропријација на земјиштето, ќе изгради пристапни патишта до локацијата и ќе обезбеди ноќни вишоци на струја со која помалата хидроцентрала „Орлов камен“ навечер ќе ја враќа водата во „Чебрен“ и ќе може истата вода неколку пати да се користи преку ден за производство на електрична енергија.
Mицкоски објави дека власта се повикува на поништената одлука ама модифицирана. Односно, поништената одлука вели ќе му ја отстапиме на добитникот ХЕЦ „Тиквеш“ откако ќе почне градбата, а во повикот повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“, но три месеци откако ќе биде завршена градбата.
Ако таа градба трае шест години а ХЕЦ Тиквеш произведува отприлика 150.000 мегават часови, а пазарната вредност е 120 мегават часови, помножено со шест години добиваме сума од 100 милиони евра. Но што е важно, помеѓу овој јавен повик, одлуката на Заев е одлуката на Спасовски да брише делови од одлуката на Заев за отпочнување на постапка и се објавува јавниот повик каде што повторно се појавува ХЕЦ „Тиквеш“ каде не би требало да се појави бидејќи е веќе избришан од страна на Владата на Спасовски две недели претходно.
Според Мицкоски клучно е што Владата еднаш ја дава „Тиквеш“ три месеци откако ќе почне градбата а вториот пат ја брише. Но тука не завршува сѐ. Откако ја добива оваа одлука компанијата добитник, на 16.10 оваа година вложува жалба до Министерството за животна средина и вели дека членовите 5, 6, 8 и 10 од оваа одлука се спротивни на тендерската документација на која учествувале.
Не знам дали е ова направено од незнаење или од некои други причини но предупредувам дека овој процес ваков каков што е поставен на погрешна основа. Имаме право како потенцијално идна влада да бидеме загрижени дека ова може да не доведе во една многу сложена ситуација и ги повикувам институциите, вклучително и потенцијалниот инвеститор да го разјаснат ова на јавноста. Народот има право да знае која од овие одлуки е одлуката и зошто и зошто се појавува различно толкување на отстапување или не отстапување на ХЕЦ „Тиквеш“ дали три месеци по отпочнување на градбата или три месеци по пуштање во функција на хидроцентралата „Чебрен“ и тоа е 100 милиони евра разлика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.