Густ чад излегува од оџакот на Термоелектроцентралата „Битола“ и се шири неподнослива смрдеа, реагираат битолчани.

Како што дознава „Република“ во ТЕЦ Битола во моментов не работи филтерот.

Ова е голема неодговорност на надлежните и на директорот Васко Ковачевски кои што освен личните и партиските интереси, не се грижат за здравјето на битолчани, велат истите извори.

Инаку, Битола преку зимските периоди знае да биде еден од најзагадените градови во Република Македонија, и досега од надлежните не се преземаат никакви мерки и покрај многубројните предупредувања од екологистите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.