Македонија нема најевтино дизел гориво во регионот, потенцира Илија Димовски, додавајќи дека тврдењето на Владата дека во Македонија е најевтино дизел горивото не го зема во предвид факторот на куповната моќ и примањата на граѓаните кои се пониски од регионот.
Со просечна нето плата може да се купи следнава количина дизел гориво:
➡️ Македонија – 342 литри
➡️ Србија – 409 литри
➡️ Бугарија – 456 литри
➡️ Грција – 655 литри
➡️ Хрватска – 656 литри
П.С. Оваа Влада (во последните неколку години) ги зголеми трговските маржи, трошоци, акцизи и следствено зафатот на ДДВ-то при малопродажбата на горивото…
П.П.С. Доколку Владата ги намали давачките на ниво пред да ја превземе власта, цената на дизелот би паднала за околу 13 денари…
П.П.П.С. Со вакви актуелни давачки околу 43% од цената на дизелот одат за државата…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.