„Во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ викендов бевме во посета на повеќе населени места од ИЕ 6 поточно ги посетивме Ротинце, Копанце, Туденце, Вратница, Рогачево и Беловиште”, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Димитриеска Кочоска при денешната теренска активност „Ова е Македонија за сите”.

Таа додаде дека проблемите насекаде се исти и исти работи се повторуваат.

„На една страна е неодговорното однесување на Владата, а од друга страна иамме беспарица, сиромаштија, нема инвестиции, нема нови работни места, нема учебници, нема здравство има масновно иселвуање на младите бидејќи нема никаква перспектива”, рече Димитриеска Кочоска.

Димитриеска Кочоска кажа дека ВМРО-ДПМНЕ има решение за проблемот со иселувањето.

„Токму во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“ во вторник во Тетово ќе биде организирана трибина точно на тема иселување на младите од Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи политики против егзодусот кој што ни се случува”, рече таа.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.