Данок на личен доход, 63 милиони евра ќе наплатат повеќе во однос на минатата година и тоа е резултат на прогресивното оданочување. И сега се поставува прашањето како фирмите ќе го прифатат овој товар? Ако го гледаме од аспект на концептот на бруто плата, ова е товар за работниците затоа што согласно концептот на бруто плата ќе страдаат работниците, а ако го гледаме дека во најголем дел кај фирмите не се почитува тој концепт на бруто плата ќе падне товарот на компаниите. Значи како и да е, и едните и другите ќе го плата, вели Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседателка на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Отворено на ТВ 24.
Сега да видиме дали се бориме со сивата економија или не се бориме и каква е ситуацијата таму? Сега зборувам за ДДВ-тоа колку растел во однос на претходна година, во 2021 година во однос на 2022 година 184 милиони евра, 2022 година во однос на 2021 година 167 милиони евра, и следната односно 2023 во односно на 2022 година 164 милиони евра. Тука има два моменти, првиот е фактот дека инфлацијата кај нас почнува уште многу одамна, и тоа ние го зборуваме уште во 2021 година кога почна првото поскапување на електричната енергија, а вториот момент покажува дека ние тука немаме никаква борба со сива економија. Кој плаќал до сега ќе плаќа и понатаму со повисоки даноци, а кој не плаќал никому ништо, кажа Димитриеска Кочовска, и додаде дека даночната реформа која ја спроведува владата е катастрофална.
За пет години три министри за финансии се сменија, нешто кое што не се случило никогаш претходно. Така што во тој аспект можам да кажам дека даночната реформа е катастрофа, а борба со сива економија нема, изјави Димтриеска Кочоска.
Димитиреска Кочоска потенцираше дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ за само 9 месеци успеале да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент и тоа без да промени било каква даночна стапка.
Само за споредба, ние викендот имавме политички саем каде што по пресметките кои што ги направивме, нашите градоначалници успеале за 9 месеци да ги зголемат сопствените приходи за 61 процент, притоа не променувајќи ниту една даночна стапка. И што покажува тоа? Тоа покажува ако сакате и се изборите со неплаќачите да плаќаат, има простор буџетот да се полни. Е овде проблемот е тоа, не сакаме да ги чепкаме одредени места, региони, компании и ајде товари на овие се што плаќаат и со тоа товарење и на граѓаните кои исто така плаќаат на време, смета таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.