ЕСМ има гас за скопските топлани Исток и Запад уште само за утре. Државните електрани во вчерашниот кус допис потенцираа дека гас и средства има на располагање и нема да има никакви проблеми со греењето, од компанијата не информираат за нова склучена набавка, објави „Телма“.

Во меѓувреме ЕСМ не доби дозвола од министерството за животна средина да користи ниту дизел ниту мазут затоа што на пазарот гасот е достапен, а топланите немаат соодветни филтри.

Исток и Запад имаат а интегрирана дозвола тоа значи дека е издадена од животна средина и имаат дозвола да греат со гас. Ако зборуваме за здравје на граѓаните да, и има гас и тоа јас го слушам,  вели Насер Нуредини, министер за животна средина.

Откако почна грејната сезона, гас се купува за краток период, за околу две недели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.