Хидроцентралата „Чебрен“ би ја балансирала целата енергетска мрежа во Македонија, изјави министерот за животна средина Насер Нуредини во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

Тој посочи дека во моментов во процес е втората фаза за евалуација на проектот на единствената компанија што помина – „ППС“ од Грција.

„Целата наша стратегија за енергетската стратегија и климатските промени што ја предложивме во Парискиот договор е дека до 2030 година повеќе нема да користиме јаглен, дека нема да се случува и да се грижиме за нашата иднина. Чебрен е клучот за сето ова. Со него мораме да ја балансираме енергетската диверзификација во нашата земја со обновлива енергија“, изјави Нуредини за ТВ21.

Инвестицијата се очекува да биде над 500 милиони евра, најави министерот и додаде дека тоа ќе и помогне и на државната економија.

Доколку хидроцентралата „Чебрен“ биде завршена до 2030 година, мора да се затворат сите термоелектрани, рече Нуредини, објаснувајќи дека оние електрани кои работат со јаглен се најголемите загадувачи во државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.