Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС) Марко Чадеж денеска изјави дека членовите на иницијативата „Отворен Балкан“ во Тирана се согласиле дека нема да има забрана за промет на основните прехранбени производи меѓу Србија, Албанија и Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Склучивме договор, кој сега се подготвува и ќе биде потпишан во Белград на следниот самит, веќе во септември, дека во рамките на Отворен Балкан нема да има забрани за трговија со брашно, шеќер и основни прехранбени производи, дека ќе таргетираме капацитетите за складирање и производство во сите три земји, за да можеме да ја дефинираме подготвеноста да има слободен проток на стоки – рече Чадеж на РТС.

Тој додаде дека ваквиот договор ќе ги поттикне и стопанствениците да склучуваат долгорочни договори бидејќи го имаат зборот на државата дека нема да има прекини, а ја содржи и одредбата дека е забранет реекспорт, за да се спречат манипулации.

Чадеж додаде дека се укинуваат даноците и таксите за увоз и извоз со Албанија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.