Министерот за транспорт на Бугарија, Николај Сабев, во изјава за МИА за иднината на авиолинијата Скопје-Софија, вели дека летот до Скопје ќе продолжи и по 15 мај.
Како што информира дописникот на МИА од Софија, со тоа, Сабев ги демантира информациите што се појавија дека авиокомпанијата „Гуливер“ ги прекинува редовните летови меѓу Софија и Скопје.
Николај Сабев, исто така, коментира дека остануваат и летовите меѓу Софија и Тирана.
Во моментов, операторот на летот е пред промена – коментираше кратко бугарскиот министер за транспорт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.