Бугарската компанија „Кер Токи Пауер“ ќе ја преземе компанијата за трговија со електрична енергија РЕС која беше во сопственост на македонскиот бизнисмен Кочо Анѓушев, извести Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК).
КЗК прелиминарно смета дека ова може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата, но нејзината конечна одлука е резервирана.
Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата, на јануари 2024 година до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за концентрација со која КЕР ТОКИ ПАУЕР АД, со седиште и адреса во град Софија, ќе стекне контрола над РЕЊУВАБАЛ ЕНЕРЏИ СУПЛАЈ ДОО Скопје. Врз основа на прелиминарното испитување, Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување“, објави Комисијата за заштита на конкуренцијата.
„Кер Токи Пауер“ од Софија и сега беше еден од партнерите во РЕС заедно со компанијата Централ-инвест која е во сопственост на Анѓушев. Тој ја основаше оваа компанија кога се повлече од политиката.
Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Република Македонија (семејната компанија на Анѓушев – н.з.) и Токи од Република Бугарија, кои се лидери во производството на електрична енергија од обновливи извори на македонскиот и бугарскиот пазар, стои на веб страницата на РЕС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.