Отсекогаш ми беше сон да имам своја телевизијa, призна Бојан Joвановски на денешните завршни зборови. Тој објасни дека дека Телевизијата 1ТВ 95 проценти била сопственост на неговиот татко Миле Јовановски и пет проценти на Јасна Ерцеговиќ.
Осекогаш ми беше сон и желба да имам своја телевизија и јас да ја креирам програмата што мислам дека добро го правев. За отворањето на телевизијата кредит ни даде и Силијан Мицевски. Како може да ни даде пари ако мислел дека е имзамен-посочи Боки.
Истотоа се однесува и за Адријан Амзоски кој е во фамилијарни односи со семејството Цаноски чии ФОН Универзитет се рекламирал во 1ТВ во ударниот термин.
Што се однесува до аргументот на Обвинителството дека Јовановски подолго време нема трансакциска сметка и блокирана сметка, тој објасни дека тоа е поради други причини што немаат врска со овој случај.
Боки пред судот уверуваше дека од млади години работел, носел естрадни звезди како Руслана,водел различни маниестации и оттаму му е прекарот Боки 13 и дека добро заработувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.