Македонска делегација предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска и утре ќе престојува во Софија каде треба да се одржи состанок на работната група за транспорт и инфраструктура меѓу Македонија и Бугарија.

На состанокот, според најавите, ќе се разговара за најавената авиолинија од Софија до Скопје, како и за прашањата кои се од заеднички интерес во делот на патниот сообраќај, транспортната поврзаност и дигитализацијата.

Се очекува утре македонската и бугарската делегација од ресорните министерства за транспорт заедно со туроператори со лет од Софија до Скопје да пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје со што ќе се реализира и првиот лет на оваа релација. Очекувањата се дека редовната авиолинија Софија – Скопје ќе почне да функционира од следниот месец, а за неа, според најавите, е заинтересирана компанијата „Гуливер“.

Во Скопје, владините претставници заедно со туроператорите од двете држави ќе ги разгледаат можностите за интензивирање на соработката и понудата на туристички пакети со цел да се зголемат меѓусебните посети на туристи од двете земји.

При посетата на премиерот Димитар Ковачевски на Софија на 25 јануари  беа потпишани два документа за зајакнување на инфраструктурното поврзување на двете земји, за директна авиолинија Скопје – Софија и за железничкиот Коридор 8. Документите беа потпишани по заедничката седница на двете влади



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.