Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски најави дека оваа година во пелагонискиот регион ќе има силна градежна активност.

На денешното поставување камен-темелник на новиот 400 киловолтен далекувод кој ќе тргнува од трансформаторската станица „Битола 2“ Бочварски потврди дека е завршен тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија кој води до границата со соседна Грција. Воедно најави решавање на проблемот со регионалениот патен правец Демир Хисар-Кичево на кој деновиве низ протести посочуваат жителите од Демир Хисар.

Завршен е тендерот за патниот правец Битола-Меџитлија, а во моментов се работи на избор на најповолен изведувач кој ќе почне со рехабилитација на патниот правец од Битола до Меџитлија кој е многу значаен. Паралелно завршува постапката за проектирање на нов експресен пат кој е значаен за цел пелагониски регион – изјави Бочварски.

Тој најави дека ќе разговара со жителите од Демир Хисар за да се видат можностите и да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Државата веќе изврши рехабилитација на 12 километри патна мрежа и се подготвуваме во нашите програми да изработиме постапки и можност оваа пролет да рехабилитираме уште 12 километри пат кој е многу оштетен. Тоа го правиме во координација со локалното население затоа што тој патен правец не е рехабилитиран од 1976 година и тоа само по себе говори дека треба да направиме крупни чекори за да се тоа што било пропуштено во минатото токму денес го решиме и ние тоа ќе го направиме – изјави  Бочварски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.