Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во Топ тема на Сител рече дека превзеле чекори со цел струјата да не предизвика ценовен шок и затоа струјата ќе се зголеми за 9,48%.

Во однос на укинувањето на денската евтина тарифа на струјата во периодот од 14 до 16 часот, според Бислимовски не било одржливо и понатаму да ја имаме.

Со ова, единствена земја во Европа која има евтина тарифа на струја во текот на денот е БиХ и тоа не е низ цела нејзина територија, вели Бислимовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.