Нè очекува исклучително тешка зима, но ако има доволно гас за Те-То за компанијата да даде поевтина електрична енергија за топланите и ако се држиме до плановите за производство на електрична енергија, ќе имаме порелаксирана ситуација и ќе нема промена на цената на парното од 1 јануари, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимовски во вечерашното интервју во емисијата „Топ тема“ на Телма ТВ.

Свесен сум дека граѓаните се наоѓаат во неизвесност, но да се надеваме дека цените ќе бидат стабилни. Ние, сепак, треба да бидеме подготвени за секое сценарио“, нагласи Бислимовски.

Тој нагласи дека се наоѓаме пред период во кој сè уште има многу непознати, но, истовремено, има и многу оптимизам дека сè ќе биде во ред.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.