Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот „Иловица – Штука“.

Според него, не се работи за една, туку за две концесии.

Како што најавивме на брифингот, ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување.

Истата информација беше на седницата на Владата, не е сменето ни образложението, ни информацијата, но ова е политичка Влада и се носат во одредени моменти и политички одлуки – истакна Бектеши.

Тој на прес-конференцијата во Владата, која е во тек, детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот.

Бектеши најпрво им се извини на новинарите за вчерашното одложување на прес-конференцијата.

Рече дека причина за тоа била долгата и конструктивна дебата на владината седница, поради што Министерството за економија било принудено да ја одложи прес-конференцијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.