Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека со новиот закон минималната плата не смее да биде помала од 57% од просечната плата.

„Со ова законско решение со зголемување на просечната и другите видови плата автоматски ќе се зголемува и минималнта. Кога се работи пак за поддршка на приватниот сектор, тука сме лидери во регионот“, додаде Бектеши.

Според него буџетот континуирано расте, односно константно се зголемува учеството во буџетот од страна на компаниите кои оперираат во слободните економски зони.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.