Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска обелодени дел од објектите на ланците супермаркети кои се затворени затоа што не ја почитувале новата одлука на Владата за поевтинување на производите и гарантираната цена. Според него, станува збор за маркети од ланците „Веро“ и „Вива фреш“.

Не ми е проблем да ги наведам маркетите кои се затворени, но цела држава ги знае. Во скопскиот регион станува збор за „Веро“ и „Вива фреш“. Нема зошто да се има страв да се кажат. Сите што нема да ги почитуваат мерките, ќе бидат затворени и наведени. И вие медиумите треба да ги наведите маркетите кои се затворени затоа што најверојатно ви сугерираат заради рекламите и не ги наведувате, туку само кажувате дека има затворени, кажа Бектеши при посетата на компанијата „Алма М“ во скопско Визбегово.

Како што рече министерот, во секој град има речиси по 10 маркети од големите ланци на фирми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.