Министерот за економија Крешник Бектеши на денешниот брифинг рече дека Македонија до крајот на април има обезбедено веќе платени количини на природен гас од Русија, а од 1 мај ќе се разговара со претставниците на индустријата како ќе се одвива снабдувањето.

Во однос на тоа како ќе се одвива ситуацијата од мај па натаму, редовно правиме консултации со Народна банка и со Европската централна банка, затоа што од почетокот на март рубљата не е во курсната листа на нашата држава. Ние ги превземаме сите мерки и ги уверуваме граѓаните дека од мај па натаму нема да имаме никаков проблем ако во случај немаме снабдување со природен гас, заради тоа што над 80 отсто од потребите на годишно ниво се за работењето на ТЕ-ТО и на топланите, рече министерот.

Според Бектеши, тоа значи дека најголемиот дел од природниот гас во државата се внесува заради загревање за време на грејната сезона, која завршува на 15 април, а само мал дел се користи од индустријата.

Сите мерки се превземени и граѓаните ќе имаат парно до крајот на грејната сезона, а во однос на потребите на индустријата, од 1 мај па натаму ќе видиме и ќе разговараме директно со нив, а секако дека ќе најдеме решение, бидејќи на маса имаме многу опции, додаде тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.