Се работи на изградба на дистрибутивната мрежа на природен гас со соседните земји, како и создавање на услови за инвестиции во обновливи извори на енергија истакна министерот за економија Крешник Бектеши на работниот состанок на тема “Енергија и животна средина“ во рамки на Стратешкиот дијалог САД-Македонија што денеска се одржува во Вашингтон.

Силно сме посветени на обезбедување на енергетска безбедност на државата, на диверзификација на изворите со снабдување со енергенси, енергетска транзиција и инвестиции во зелена енергија.

Во таа насока Бектеши ги презентираше активностите кои што се во тек во Република Македонија, односно инвестициите во делот на изградба на капацитети од обновливи извори на енергија како што се хидроцентрали и фотовлотаични централи, мерки за декарбонизација во рамки на Националниот план за енергија и клима и мерките за развој на пазарот на електрична енергија.
Овие мерки се наменети за создавање на независност во енергетскиот сектор кој водат кон поддршка на националната безбедност и градењето на мрежа и информациски систем за сајбер безбедност.

„До крајот на годината е предвидено да започне изградбата на интерконективниот гасовод помеѓу Македонија и Грција, и преку јавни повици за изградба на фотонапонски централи на државно и приватно земјиште ќе се потикнат инвестиции во обновливи извори на енергија“, кажа министерот Бектеши.

Сајбер безбедноста е нов поттик за Македонија за што министерот потенцираше дека во план е најпрво да се воспостави правна рамка за безбедност на мрежни информациски системи во енергетиката, одобено на критичната инфраструктура на енергетиката со што ќе се транспонира соодветната европска директива.

Двете страни истакнаа дека постои посветеност за јакнење на партнерството за соработка во енергетскиот дел, со посебен акцент на темите кои се разговараа во рамките на Стретшкиот дијалог и заложбите кои што произлегуваат од Парискиот договор за постепено укинување на јагленот до 2030 година што произлегува од Националната стратегија за развој на енергетиката на Севрна Македонија до 2040 година и препораките на Министерскиот совет на енергетската заедница за подготвување на Интегриран национален план за енергија и клима.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.