Mинистерот за економија, Крешник Бектеши, при посета на Белата куќа, порача дека Македонија целосно ги поддржува геостратешките пристапи за енергетска независност и безбедност во целиот регион.
Под водство и тесна соработка со нашиот стратешки партнер САД посветени сме на плановите за постигнување на енергетска диверзификација и независност во енергетскиот сектор – порача Бектеши.
За време на неговата официјална посета на САД, Бектеши се сретна со водечки личности во Белата куќа како и во Стејт департментот.
На средбите како една од најважните теми и со посебен акцент беше енергетската безбедност во регионот.
САД и Македонија се посветени на зајакнување на партнерството во транзиција и производство на обновливи извори на енергија – порача Бектеши.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.