Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Република Австрија во Северна Mакедонија, Мартин Памер.
Министерот Бектеши му посака добредојде и успешен мандат на амбасадорот Памер, како и успех во продолжувањето и унапредувањето на соработката помеѓу двете земји.
На средбата беше потврдена досегашната успешна соработка помеѓу Северна Македонија и Австрија и поддршката што ја добиваме за европската перспектива. Во последните 20 години Австрија има инвестирано над 830 милиони евра во Македонија. Австрија е наш долгогодишен и докажан партнер во економската соработка, односно 20 место според обем на трговска размена. Вкупната трговска размена во периодот јануари – август 2023 година изнесува 170 милиони евра , што претставува раст од 14,3 проценти во однос на истиот период минатата година.
Министерот Бектеши и амбасадорот Памер се согласија дека согласно податоците, има голем простор за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.