Бизнисот се прилагодува да не увезува странска работна сила, вели претседателот на Стопанската комора на Република Македонија, Бранко Азески, кој одговараше на прашање на МИА како во моментов бизнис секторот ќе се снајде со млада работна сила, а особено во овој период кога младите и работници заминуваат на сезонска работа во Хрватска, Словенија или други земји. Азески посочува дека ќе биде наивно да каже дека бизнисмените не ја придвиделе ваквата ситуација.

Еден од механизмите за задржување на работниците и младите е и зголемување на платите.

Мислам дека се ќе зависи понатаму во понатамошниот тек од степенот на стандардот, којшто ќе го диктира и ќе биде во државата. Затоа што пак тоа ќе го определува враќањето на таа работна сила, којашто привремено излегува од државата. На пазарот ќе има одредена варијација на цената на таа работна сила. Тоа значи дека ќе бидат пазарни механизми, вели Азески.

Забележува дека и ден денес се издаваат дозволи за странски работници, но и Азески посочува дека станува збор за многу сложена процедура. Стопанската комора има разговорано со министерствата за надворешни и врнатрешни работи, потоа со Министерството за труд и социјална политика за овој процес, како што вели, да се стави под контрола.

Мислам дека и таму администрацијата, како и секаде е проблематична и дека не се прават максимум напори тоа да се среди. Меѓутоа мислам дека така е изострен фокусот на јавноста, да не има некои изненадувања, коишто ќе доведат до некои порематувања на пазарот. Тоа значи општо кажано и она што јас сакам да го кажам во една реченица: ,,Бизнисот ќе се прилагоди да не мора да увезува толку многу работна сила, како што ние претпоставуваме и ќе го преброди, тој период, вели Азески.

Прашан дали тоа значи во наредниот период бизнис секторот ќе ги зголемува платите на работници, Азески со одговор дека дел од компаниите тоа ќе го сторат.

Да некаде повисоки плати, некаде да речам запирање на инвестиционите активности, некаде со меѓу решение. Воглавно бидете убедени дека бизнисот е добро информиран, навреме интервенира, инаку да речеме во овие услови во коишто ние живееме во регионот не би останало ништо од него, додава Азески.

Смета дека бизнис секторот се снаоѓа во вакви лоши ситуации и е оптимист дека и ова ќе го изменаџираат и се согласува дека е потребна дебата на оваа тема, со сите чинители во земјава. Според Азески најдобро е да се подигне стандардот на граѓаните во земјава и да се вратат оние коишто се иселиле или заминале на привремена работа во странство, бидејќи земјава има добар кадар, кој треба да си го искористи за своите потреби.

Претседателот на Стопанската комора на Република Македонија денеска беше во посета на Универзитетот „Гоце Делчев“, каде што имаше средби со извозно ориентирани компании, како и со членовите на ректорската управа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.