Наместо нешто, било што да прави владата во врска со стабилноста на економијата, заштита и се останато она кое што значи стабилност за македонскиот народ и стопанството, односно да ги стабилизира и да се осигура дека нема да има недостатоци на клучни намирници, ние гледаме дека во моментов Владата на Република Македонија предводена од СДСМ не прави буквално ништо, одговори денеска на новинарско прашање, портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Гледаме дека се занимава со исплата на пари за незавршени проекти, она што го говорев денес. Не знаат рационално како да работат, буквално немале ниту една седница јавно, да излезат во јавност да кажат што се преземале за стабилизирање на економијата, за заштита на економијата, и за оние потребни, неопходни и клучни намирници кои што ни се потребни доколку има било каква криза. Сите земји во регионот во Европа веќе го сторија тоа, имаа состаноци со национална стратегија, буквално точно знаат колку и какви им се стоковните резерви, набавуваат, но само нашата влада на Република Македонија, владата предводена од СДСМ ниту еднаш не излезе да посочи како стојат државните резерви, дали се стабилни, како ја проектираат кризата во иднина и што ќе се случува. Тоа е најпрво од незаинтересираност, од негрижа кон Република Македонија, потоа од неспособност и крајно затоа што не знаат што и како треба да прават. Буквално се седнати во фотелјите само за свој личен интерес. Експертите предвидуваат наназад одреден период за инфлацијата, за зголемувањето на енергенсите за зголемувањето на нафтените деривати, после сето она што се случува изминатиот период во Европа, но за жал само нашата влада буквално ништо не презема. Дали државата се обезбедила со било какви количински продукти може да се увиди дека и не е баш обезбедена, а тоа го говорат врвни експерти и дека ниту стоковите резерви, ниту пак приватните компании или било кој друг немаат количински набавки дури од последните месеци од 2021 година, што уште еднаш покажува дека нема никој кој може да ги координира македонската економија и стопанство и да ги држи стабилно. И за жал сето тоа ќе резултира со уште поголем раст на цените во догледно време и со повисока инфлација која што ќе ја платата граѓаните, тука во главно се однесува на нафтени деривати, енергенси и цени на храна. Така да единствено оваа влада што работи, работи само за личниот интерес на нивните функционери – истакна Арсовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.