Во отсуство на производство од енергетски капацитети во земјава, само во ноември преку јавни набавки се увезени 87.000 KWh електрична енергија од добавувачи кои работат во пазарот на енергетиката за над 20 милиони евра, сума за која од државниот буџет се издвоени над 20 милиони евра, информира Алијанса на Албанците.

„Прогнозите се лоши, бидејќи и во текот на месец декември годинава, во недостиг на производство од енергетските капацитети во земјава, ќе треба да ја обезбедиме потребната количина на снабдување со електрична енергија од увоз, каде што се проценуваат проекциите на прогнозите дека ќе треба да се издвојат од државниот буџет над 30 милиони евра, бидејќи цените на енергетските берзи во Европа деновиве бележат нагорен тренд, каде што 1 KWh се тргува за околу 400 евра“, велат од АА.

Според економскиот тим на партијата, ако работат со полн капацитет, само термоцентралите, без да се бројат хидроцентралите и ветерните централи, можат да произведат над 19.000 KWh дневно.

„Иако во многу јавни настапи, владините експоненти и лидерите на енергетските постројки во земјава изјавија дека се преземени сите мерки и дека е договорена суровина потребна за целосно пуштање во употреба на енергетскиот комбинат „Битола“ и „Осломеј“, фактите и доказите зборуваат поинаку, бидејќи од трите производни блока во РЕК „Битола“ во најголем број случаи работат два блока, додека РЕК „Осломеј“ најчесто е надвор од функција поради поправка или избегнување на дефекти, а како резултат на неисправноста и недостигот на локално производство, количината потребна за снабдување со електрична енергија се принудени да се обезбедува од увоз. Се шпекулираше дека по потреба може да се пушти во производство и термоелектраната „Неготино” којашто има производствен капацитет од 195 KWh дневно, но министерот за економија и раководителите на секторите за енергетика во земјава, со намера за да се сокрие реалноста дека оваа енергетска централа не е во функција, се изјаснија дека е поисплатливо да се увезува струја отколку да се обезбедува мазут и да се пушти во функција оваа електрана. Тоа се бескорисни и неосновани изјави“, велат од Алијанса.

Партијата оцени дека доколку оваа термоцентрала се пушти во употреба, би се обезбедила 35 отсто поевтина струја од увозната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.