Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека ако владата не правеше криминал и произведеше доволно струја немаше да има поскапување во јули, а за во јануари немаше да станува ни збор.
Народот плаќа скапа струја затоа што владата не произведува доволно. ЕЛЕМ како произведувач на струја за универзалниот снабдувач не може во целост да обезбеди ефтина струја. РЕК Битола работи со половина капацитет, исто и Осломеј, доколку овие две електрани беа во целосен погон и правилно се димензионира работата на хидроакумулациите немаше да дојде воопшто до покачување на цената на струјата за домаќинствата. Што се однесува до стопанството, доколку ТЕЦ Неготино работеше со полн капацитет, бизнисот ќе штедеше и до 1 милион евра дневно, и наместо да увезува скапа струја ќе имаше струја по трократно пониска цена од таа што ја увезува – велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека наместо да го димензионира производството за да им помогне на домаќинствата и фирмите, владата преку ЕЛЕМ сега троши вода од акумулациите за ноќе да произведува струја како вишок и да го продава на трговци ефтино, кои потоа ја препродаваат со 60% маржа.
Владата или не знае да работи или сака народот да го донесе до питачки стап. И едното и другото е показател дека е потребна нова влада час поскоро. Затоа избори се решение – истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.