Бројот на жртви на вооружени напади во Косово во последните шест дена достигна три, откако едно лице е убиено доцна синоќа во село во општина Србица (Скендерај), јави дописникот на МИА од Приштина.

Првото убиство се случи минатиот петок, на 5 август, во локалот „Бон виван“ во центарот на Приштина, каде што едно лице беше убиено, а имаше и 17 повредени.

По повод инцидентот, Обвинителството соопшти дека во овој случај од огнено оружје биле ранети седум лица, од кои еден маж, 39-годишниот Кастриот Рамадани, им подлегнал на повредите во Клиничкиот универзитетски центар во Приштина. Уште десетина лица, кои биле во локалот побарале лекарска помош поради повреди здобиени во нередот кој настанал по пукотниците.

За случајот се осомничени седум лица, сите со криминални досиеја, а едно од нив, Дукаѓин Никола – „Дука“, по кого има и меѓународна потерница од Интерпол за вмешаност во трговија со наркотици, и натаму е во бегство.

На 7 август се случи убиство во угостителски објект во градот Клина. Жртвата со тешки повреди е пренесена во болницата во градот, од каде што е упатена во болничкиот центар во Пеќ, каде што е констатирана неговата смрт.

Во врска со ова убиство, полицијата се обрати со апел за помош од граѓаните за пронаоѓање на сторителот, кој е идентификуван како Туш Фроку, швајцарски државјанин, роден 1975 година.

Како што соопшти полицијата, осомничениот побегнал од местото на настанот и под закана со оружје одзел возило од еден граѓанин и побегнал во правец на Градот Исток. Украденото возило малку подоцна било пронајдено напуштено во селот Кош, општина Исток. Осомничениот и натаму е во бегство.

Третото убиство, во кое покрај еден загинат има и тројца ранети, од кои еден потешко, се случи во првите часови на денешниот ден во селото Руника, општина Србица. Жртвата е 39-годишен маж, идентификуван со иницијалите Н.Л.

@rajoni.orgVrasja në Skenderaj, portali rajon.org sjelle pamje ekskluzive nga vendi i ngjarjes Një ngjarje e rëndë ka ndodhur në oret e mengjesit sot në fahatin Runik të Skenderajt, shkruan portali rajoni.org. Rajoni ka siguruar pamje nga vendi i ngjarjes ku shihen forca të policisë para lokali dhe ekipet shëndetësorë. Në ngjarjen e rëndë në të cilen raportoj rajoni; një person mbeti i vrare dhe tre të tjerë të plagosur – dyshohet se u krye nga persona të maskuar, të cilet kishin hyre me dy arme automatik dhe kishin qëlluar në drejtim të viktimave. Burimet e rajonit nga vendi i ngjarjes bëjnë me dije se skena ishte rrëqethëse nga ajo çfarë kishin parë.

♬ Breaking News – Breaking News


Според првичниот полициски извештај, во кафеана во споменатото село упаднале двајца вооружени и маскирани мажи и отвориле оган врз жртвите, по што побегнале во непознат правец.

Околу 01:20 часот, на 10 август 2023 година, полицијата доби информација за пукотници од огнено оружје во кафеана во селото Руника во Србица. Веднаш на местото на настанот излегоа надлежни полициски единици и лекарски тимови. Според првичната истрага, од огнено оружје се здобиле со повреди четири лица. Еден од повредените, жртвата Н.Л., 39-годишен, починал на местото на настанот, додека тројцата други ранети се пренесени во Клиничкиот универзитетски центар во Приштина, се вели во соопштението на полицијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.