Едно лице е убиено, а петмина се ранети во пукотница пред кафеана во Канзас, каде што како обезбедување работеле полицајци кои не биле на должност.
Пукањето се случило синоќа, околу 23 часот по локално време по неред во еден бар, соопшти полицијата во Мисури.
Тројца полицајци кои не биле на должност работеле како обезбедување и тие возвратиле при престрелката.
Нема информации дека некој од нив е повреден при пукањето.
Во овие ситуации не можете да предвидите што ќе се случи, но се преземаат некои мерки на претпазливост – вели полицаецот Бил Лав.
Засега не се знае дали куршумите испукани од полицајците кои не биле на должност погодиле некого, а истрагата е во тек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.