24 годишна Србинка успеала да преживее пад од височина од 30 метри откако под неразјаснети околности паднала од мост по сообраќајна несреќа во Швајцарија.
Уапсени се двајца мажи по потекло од Македонија, кои биле во сино БМВ со Србинката.
Девојката се здобила со тешки повреди и се наоѓа во болница.Несреќата се случила во четвртокот вечерта, кога БМВ во кое имало три лица од Балканот удрило во заштитната шина на мостот.
Очевидец за швајцарските медиуми изјавил дека по несреќата ја видел Србинката како стои на мостот.
“Ја видов како стои, се чинеше дека не е повредена. Не видов крв, немаше ништо”.
Очевидецот потоа додаде дека кога поминал покрај автомобилот не видел дека во него има двајца Македонци.
„Мислев дека е млада жена која го уништи автомобилот на нејзиниот татко. Таа ги имаше рацете зад главата, беше шокирана, не видов дека е повредена.
Полицијата соопшти дека Србинката паднала од мостот од висина од 30 метри.
Тој се обвинува себеси што не застанал и не и помогнал на девојката таа вечер.
“Не изгледаше дека е во опасност. Постојано се прашувам дали требаше да и помогнам. Да го направев тоа, дали ќе бев на земја. Се молам да закрепне”, додал очевидецот.
Она што останува мистерија во целата приказна е каква е врската меѓу двајцата уапсени Македонци и падот на младата Србинка.
Повеќе детали ќе бидат познати кога ќе заврши истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.