Министерството за внатрешни работи информира дека Е.М. од Сарај денеска добил кривична пријава по брза постапка постапувајќи по пријава од вчера дека извршил обљуба врз свој малолетен роднина во Шуто Оризари.
– Денеска (07.07.2023) Одделението за крвни деликти – Единица за насилен криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против Е.М.(27) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од 06.07.2023, според која тој, на подрачјето на Шуто Оризари, извршил обљуба врз неговиот малолетен роднина. Е.М. е изведен пред судија на претходна постапка, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.