Во СВР Тетово вчера во 12:50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од 28-годишниот Н.И. од тетовска Стримница и патничко возило „пежо“, управувано од 47-годишната Љ.Е. од тетовско Вешала, двете со тетовски регистарски ознаки, по што возилото „пежо“ удрило во паркирано возило „бмв“, сопственост на 53-годишниот тетовец Б.К., соопшти МВР.
Во несреќата, Љ.Е се здобила со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.