Вчера во 13.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Марко Орешковиќ“ во Скопје, товарно моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(40) од с.Богомила, велешко, удрило во пешакот Б.М.(92) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., по што била пренесена во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде им подлегнала на повредите, соопштија од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.