Вчера околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје-Велес, во близина на место викано „Манастири“, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки управувано од П.И.(77) од Кавадарци, изгубило контрола и удрило во ѕид покрај патот.

По несреќата возачот П.И. и сопатниците Е.П. (37) и една малолетничка биле пренесени во Јавна здравствена установа Велес каде на Е.П. и малолетничката им биле констатирани тешки телесни повреди, а на П.И. му биле констатирани телесни повреди.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Скопје.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.