Уште едно возило на командир во затворот во Идризово било запалено, овојпат во село Кадино.

На 16.07.2023 во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворот на Б.Л.(48) од с.Кадино, општина Илинден, настанал пожар во неговото патничко моторно возило „фиат 500“ со скопски регистарски ознаки. Сопственикот сам го изгаснал пожарот, а повредени лица нема, велат од МВР.

Според „Фактор“ станува збор за возило на командир на смена, кому на16 јуни 2022 година веќе му беше запалено едно возило.

За една година беа запалени пет приватни автомобили и два на полицајци кои работат во затворите во земјата. Досега не е решен ниту еден од случаите, а неофицијално има запален автомобил кој не бил пријавен, а се молчело и за продавница во Маџари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.