Полициски службеници од ЕВР Аеродором и Драчево при СВР Скопје, на 12 мај извршиле службен разговор со 10-годишен малолетник и со неговите родители.

Како што соопшти МВР, тие постапувале по пријава од основно училиште на територија на општина Аеродром дека детето на клупа напишало текст со заканувачка содржина.

Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.