Едно лице загина, едно е тешко, а шест полесно повредени во судирот што се случи вчера попладне на крстосница од магистрален пат Скопје – ГП Долно Блаце и сервисна улица која го поврзува патот со обиколницата околу Скопје.
Како што е пријавено во СВР Скопје во 15 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу минибус „мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Р.Х. (63) од Косово и патничко возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Ф.И. (19) од Скопје.
Возачите Ф.И. и Р.Х., како и патниците од минибусот, К.А. (67) и В.А.А.(33) од Скопје, Г.М.(45) и Е.М. (75) од Косово биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на помош, а Ш.Ш. во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
На Ф.И., Р.Х., В.А.А., Е.М. и Г.М. им се констатирани телесни повреди, на Ш.Ш. тешки телесни повреди, а К.А. починала од здобиените повреди.
Извршен е увид од СВР Скопје и известен јавен обвинител, а возачот Ф.И. е лишен од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.