Полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Битола го лишија од слобода Л.А.(34) од Битола, информира денеска од СВР Битола.

Лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.288 ст.1 од Кривичниот законик, велат оттаму.

Станува збор за кривичното дело Предвизвикување општа опасност, за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до пет години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.