При акциска контрола на територија на СВР Тетово која се спроведе денеска од 10 до 17 часот санкционирани се 207 прекршоци за брзо возење.

– Од нив, 117 возачи возеле пребрзо надвор од населено место. Пет возачи ((ТЕ-3 и ГВ-2) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, а 49 (ТЕ-19 и ГВ-30) над 50 километри на час. Во контролата санкционирани се и 90 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ-70 и ГВ-20), од кои 1(ТЕ) над 50 километри на час, како и шест други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-5), наведуваат од МВР.

СВР Тетово апелира до возачите да не возат пребрзо, зашто токму неприлагодената брзина е причина број еден за сообраќајни несреќи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.