Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес, при што санкционирала 89 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената.
„Од нив, две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина, а 10 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното“, соопштува МВР.
Според објавеното, еден од возачите се движел со 206 километри на час.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, заради безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.