Во текот на изминатата вечер (01.05.2023)во периодот од 17.00-22.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 34 возачи. Од нив 14 на територија на Битола, 6 во Прилеп, 5 во Демир Хисар по 3 во Македонски Брод и Ресен и 2 во Крушево.
За време на контролата биле санкционирани и 21 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.