Стефан Димковски, пријател на првоосомничениот Љупчо Палевски Палчо, човекот кој го возел од Белград во Турција, на денешното рочиште за убиствата на Вања и на Панче, рече дека пред да си замине за Македонија забележал дека Палевски е вознемирен и блед како крпа. Затоа и го советувал да се врати и да си расчисти.
Ако мене некој ми лепи ваква работа и јас би бил блед како крпа, рече сведокот на прашање на обвинителството.
На доручекот во Беликесир, турскиот град каде беше уапсен Палчо, Димковски му дал совет да се врати во Македонија на што овој одговорил:
Да, но треба да видам да не завршам во притвор во Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.