Пожарите на планината Серта со денови се активни и постојано се шират, поради што од утрово вода исфрла еден воен хеликоптер. Од Центарот за управување со кризи – ЦУК, информираат дека нешто подоцна ќе се интервенира и со два авиони за гаснење на пожари.
„Како засилување на силите кои гаснат од земја, еден армиски хликопетер започна со дејство врз пожарот на планината Серта додека полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два ер-трактори кон Серта ќе полетаат во 10 часот“, најави утрово директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов.
Ситуацијата со пожарите се чини дека станува драматична имајќи предвид дека се ангажирани голем број на пожарникари од различни страни на планината, а најкритично е кај неколку села кои се во атарот на Општина Неготино.
Кризниот штаб на Неготино синоќа упати апел до граѓаните да ги расчистат тревните површини од пред домовите, дворовите и другите објекти поради опасноста од ширење на огнот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.