Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 2 281 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, во последното деноноќие.
Четири пожари вкупно имало на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгасени, што биле во општините: Прилеп, спроти касарната Прилеп (горела ниска вегетација); Струмица, на вливот на брана „Водоча“ (горела борова шума); Валандово, кај Анска Река, на месноста „Мичкин Мост“ (горела ниска вегетација) и во Општина Тетово, кај Млекара Тетово (каде што горел ниска вегетација).
Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети од невремето во непосредна близина на с.Кадрифаково. Поточно, од поројниот дожд и големата количина вода што надојде беше поплавен надвозникот кај с.Кадрифаково, при тоа на самиот регионален пат Штип – Свети Николе имаше насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок, а имаше и оштетување на патот од поројната вода, при што беше направено голема дупка. На лице место беа екипа од полицијата – ПС Свети Николе, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, а и од ЦУК – раководителот на РЦУК Свети Николе се додека последиците од невремето беа веднаш расчистени, велат од ЦУК.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.