Во Велес градежни работници вчера околу 13 часот пронашле експлозивна направа и веднаш ги известиле надлежните.

Како што информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Велес по дојава од градежната фирма нивна екипа излегла на терен и пронашла артилериска граната 75 милиметри.

Гранатата била комплетна со зрно чаура и барутно полнење, а пиротехничарте ја отстраниле околу 19 часот, информираат надлежните.

Лани на истата локација исто така беше пронајдена и отстранета поголема артилериска граната од 105 милиметри, информираат од ДСЗ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.