Во домовите на две лица во Тетово, полицијата синоќа пронашла марихуана.
Од МВР информираат дека вчеравечер, во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода тетовецот А.Љ.(31). При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом била пронајдена и одземена марихуана.
-Во 22.30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот на С.Б.(33) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана подготвени за продажба. Лицето не било во својот дом, но подоцна било лоцирано и повикано во полициска станица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.